Проектот „МладиХАБ-Дигитална младина“ има за цел унапредување на дигиталните вештини на младите луѓе, нивниот ангажман во заедницата и зголемување на нивната вработливост.
„МладиХаб-Дигитална младина“ им нуди уникатна можност на младите да одговорат на дигиталната трансформација на економијата. Проектот ги подобрува нивните шанси за вработување, промовира иновативност, а со тоа придонесува кон економскиот развој на земјата.