Промена на податоци за домен

Името на доменот НЕ МОЖЕ да се промени.

Регистрантот е должен во рок од 8 (осум) дена од настанатата промена на кој било податок за доменот, да поднесе Барање за промена на податоци за домен.

Барањето за промена на податоци за доменот регистрантот го доставува до својот Регистратор по писмен пат или во електронска форма согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.

  • Името на регистрираниот домен не може да се менува.
  • Регистрантот поднесува Барање за промена на податоци кај Регистраторот каде е регистрирано името на доменот.
  • Доколку Барањето за промена на податоци е согласно овој Правилник и нема никакви пречки за негова реализација, Регистраторот е должен веднаш да постапи по него, а најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на уредно поднесеното барање.
  • Барањето за промена на податоци регистрантот може да го поднесе по писмен пат или во електронска форма согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
  • Регистраторот кој ги врши промените е одговорен кон МАРнет за точноста на извршената промена.
  • МАРнет има право да измени какви било информации за домен или да избрише домен врз основа на правосилна судска одлука.
  • Кога е потребно, за да се зачува техничката стабилност на Интернетот, МАРнет може по претходно известување до регистрантот привремено да го деактивира доменот до отстранување на причината.

Листа на можни промени и овластени лица кои можат да бараат промени:

  • Промена на административен контакт може да бара регистрантот со поднесување на Барање кај Регистраторот.
  • Промена на технички контакт може да бара регистрантот со поднесување на Барање кај Регистраторот.
  • Промена на регистрант може да побара регистрантот со поднесување на Барање до Регистраторот заедно со новиот регистрант кој поднесува Барање за регистрација за истиот домен.
  • Промена на податоци за регистрантот може да бара регистрантот со поднесување на Барање кај Регистраторот.
  • Промена на именски опслужувачи може да бара регистрантот или контактите со поднесување на Барање кај Регистраторот или со користење на електронски средства (електронска порака или наменска веб-апликација).

Промени податоци