Бришење на домен

Регистрацијата на доменот може да биде поништена, доменот деактивиран и избришан од регистарот во следните случаи:

  • Регистрантот постапува спротивно на условите за регистрација на домени и спротивно на Правилникот за регистрација утврден од страна на    МАРнет    (МАРнет правилник)
  • Регистранот во писмена форма побарал поништување на регистрацијата и негово бришење од регистарот
  • Регистрантот на доменот не ги подмирил финансиските обврски за регистрација или обнова на доменот
  • Регистрантот не е во состојба да ги задоволи техничките услови за функционирањето на доменот
  • Регистрантот во постапката за регистрација дал погрешни и неверодостојни податоци и документација
  • Регистрантот не доставил промена на задолжителни податоци за себе и за употреба на доменот
  • Регистрантот не ги почитува своите обврски и одговорности пропишани со Правилникот за регистрација на домени
  • Регистрантот не презема одговорност или не соработува со службата, односно со лицата овластени за доменот и во други случаи кога е неопходно преземање на определени активности
  • Регистрантот на доменот го злоупотребува доменот на начин што со употреба или неупотреба ги повредува интелектуалната сопственост,  авторските права според позитивните прописи
  • Во други случаи утврдени со закон

ВАЖНО:

  1. Доколку доменот не биде обновен до датумот на регистрација, влегува во заштитен период од 120 дена и во тој период не може да се прави промена на податоците на доменот
  2. Ако доменот не се обнови во првите 60 дена од заштитениот период, доменот се брише од .mk зоната, но не може да се регистрира од страна на друг регистрант
  3. По истекот на вторите 60 дена од заштитениот период (или вкупно 120 дена) доменот се брише и може да се регистрира од страна на друг регистрант

 

Избриши домен