Технички услови за регистрација на домен

За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи на Domain Name Server (DNS).

Називот на .mk доменот потребно е да ги содржи следните елементи и да ги исполнува следниве услови:

  • се состои од букви од англиската абецеда (при тоа не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот „-“ (тире);
  • се состои од најмалку 2 (два) до најмногу 63 (шеесет и три) знаци, а првиот и последниот знак не можат да бидат знакот „-“ (тире);
  • не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци „-“ (тире).
  • По исклучок од ставот 2, името на доменот .mk може да се состои и од најмалку 1 (еден) знак во случај на заштитена трговска марка, заштитен жиг, име или бренд.

Името на доменот .мкд ги содржи следните елементи и ги исполнува следните услови:

  • се состои од букви од македонската азбука (при што не се разликуваат мали и големи букви), броевите од 0 до 9 и знакот „-“ (тире);
  • минималната должина на име на доменот се состои од најмалку 2 (два) знаци;
  • максималната должина на име на доменот се состои од најмногу 63 (шеесет и три) знаци после извршената ASCII конверзија (punycode), а првиот и последниот знак не можат да биде знакот „-“ (тире);
  • не е дозволено последователно да се појавуваат два знаци „-“ (тире).