Стекнување право на користење на домен со наследување и со отстапување на домен

  1. Доколку регистрантот престанал да постои, правните наследници може да побараат стекнување право на користење на регистрираното име на домен, односно промена на регистрант со упис на свое име во Регистарот.
  2. Со Барањето за промена на регистрант, покрај потребната документација предвидена во членот 17 (МАРнет правилник), задолжително се приложува и правосилен акт со кој се докажува правото за наследување. Од Актот треба недвосмислено да произлегува и стекнување на правото за наследување на користење на доменот.