Барање за регистрација на домен

  • За да се регистрира домен, неопходно е најнапред да се изврши проверка дали доменот е слободен.     Провери домен
  • Доколку доменот е слободен, за да поднесете Барање за домен, потребно е да креирате профил со вашите податоци ако сте физичко лице или со податоците на правниот субјек кој го застапувате ако сте правен субјект.  КРЕИРАЈ ПРОФИЛ
  • За да се регистрира доменот, неопходно е техничко поставување на именските опслужувачи (DNS сервери).
  • За корисници кои ќе ги користат DNS серверите на УНЕТ за хостирање на нивниот домен:
    • Примарен опслужувач: ns.unet.com.mk
    • Секундарен опслужувач: ns1.unet.com.mk

*НАПОМЕНА

  • Регистрантот е должен за настаната промена на податокот, кој се запишува во Регистарот, во рок од 8 дена по писмен или електронски пат да го извести регистрарот преку кој е регистриран доменот од адреса на електронска пошта на регистрантот запишана во Регистарот.
  • Регистрантот сноси одговарност за евентуална повреда на интелектуалната сопственост (авторско право, индустриска сопственост и друга заштита согласно со прописите кои ја регулираат оваа материја), како и за секоја штета настаната како резултат на таква повреда, а која произлегува од покренување постапка за регистрација на домен или употреба на домен.
  • Регистрантот одговара за точноста на податоците во барањето и за веродостојноста на приложената документација кон барањето.
 

Преземи барање за регистрација на домен:

 

Преземи барање за промена на регистрант или бришење на доменот:

 

Преземи барање за регистрација на кириличен .мкд домен:


 
 

*Барањето за регистрација на домен може да се пополни електронски со користење на Adobe Reader.