Нашиот веб портал unet.com.mk освои трето место во категорија на најдобар корпоративен сајт за 2020 год

Со големо задоволство и особена чест објавуваме дека нашиот веб портал unet.com.mk освои трето место во категорија на најдобар корпоративен сајт за 2020 год. За нас особено драга награда со оглед на фактот што ова е нашето прво учество на манифестацијата во најмногубројна категорија во многу силна конкуренција.

Наградата е круна на успехот на нашиот тим кој макотрпно работеше да создаде  креативно, модерно и уникатно веб решение.

Ви благодариме sajtnagodinata.mk и на оние кои гласаа за нас.