Почитувани корисници на UNET REG,
Со донесувањето на новиот Правилник за организација и управување со врвните национални интернет домени од 2024 година, Македонската академска истражувачка мрежа – МАРнет воведува построги правила, прописи и критериуми за регистрација, управување и промена на домените.
Клучни промени кои ги засегаат корисниците:
-
Правило за должина на името на доменот: Минималниот број на карактери за име на домен сега е 2 (два) карактери, наместо 1 (еден). Исклучок е ако станува збор за заштитена трговска марка, заштитен жиг, име или бренд за што Регистрантот треба да достави валиден доказ. Во спротивно, доменот ќе се избрише. Усогласувањето со ова правило, односно доставување на валиден доказ дека станува збор за заштитена трговска марка, заштитен жиг, име или бренд за веќе регистрирани домени со 1 карактер, треба да се изврши најдоцна до 30 Април 2025 год.
-
Регистрација на домени .mk:
- Физичките лица мора да имаат живеалиште или престојувалиште во Северна Македонија.
- Правните лица мора да бидат регистрирани во националниот регистар во Северна Македонија.
- Странските компании мора да бидат верификувани преку националните регистри на нивната држава.
-
Регистрација на домени .мкд:
- Физичките лица мора да имаат живеалиште или престојувалиште во Северна Македонија.
- Правните лица мора да бидат регистрирани во националниот регистар во Северна Македонија.
ОВА ЗНАЧИ ДЕКА:
- За странските физички лица кои веќе поседуваат домени со .mk и .мкд домените ќе мора да ги префрлат на Local Presence services, во спротивно ќе бидат избришани од .mk зоната
- За странските правни лица веќе поседуваат домени со .мкд домените ќе мора да ги префрлат на Local Presence services, во спротивно ќе бидат избришани од .mk зоната
-
Регистрација, пренос и промена на податоци:
- Сите барања за регистрација на домен како и за промена на податоци мора да се поднесуваат или во тврда копија или електронски со барање потпишано од страна на Регистрантот со валиден дигитален потпис.
- Само регистрантот може да бара промена на административен или технички контакт, со поднесување на барање во тврда копија или електронски, барање потпишано од страна на Регистрантот со валиден дигитален потпис.
- Барањата кои се однесуваат за регистрација на одреден вид на домен треба да бидат пропратени со потребната документација како што е предвидено во Правилникот.
ОВА ЗНАЧИ ДЕКА:
- За странските правни субјеки: За секоја нова регистрација потребно е да се достави електронски, пополнето Барање за регистрација на домен потпишано со дигитален потпис со валиден дигитален сертификат од страна на Регистрантот како и документ за регистрација на правен субјект кој ќе послужи како доказ дека Регистрантот е правно лице кое е регистрирано во националните регистри во својата матична држава или има свое претставништво на територијата на Р.Северна Македонија.
- За домашните физички лица: За нова регистрација на домен потребно е да се поднесе формулар Барање лично при што барателот ќе треба да се идентификува со важечка лична карта / пасош или барањето да го поднесе на на е-маил потпишано со дигитален потпис со валиден дигитален сертификат.
- За домашните правни лица: За нова регистрација на домен потребно е да поднесе пополнето Барање за регистрација на домен, електронски при што Барањето ќе биде потпишано со дигитален потпис со валиден дигитален сертификат или да го достави во тврда копија на адреса на UNET REG пропратено со валидна тековна состојба не постара од 6 месеци, во двата случаи.
- Барањата за обнова на домени и промена на именски опслужувачи ќе можат да се поднесуваат како и досега на e-mail или преку апликација.
Контрола и санкции
Домен може да биде деактивиран доколку се утврди злоупотреба или погрешни податоци.
Што треба да направите?
-
Доколку сте тековен корисник на домен, проверете дали вашите податоци се точни и ажурирајте ги навреме.
-
Ако имате регистриран домен, осигурете се дека ги задоволува новите критериуми и правила за регистрација.
-
Доколку вашиот домен не ги задоволува барањата согласно новиот Правилник, обратете се во UNET REG за дополнителни информации.
За сите останати дополнителни информации, посетете ја официјалната веб-страница на UNET REG или контактирајте не на register@unet.com.mk